Облачно со повремени врнежи од дожд


Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремен слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 15 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите на некои места ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од 3 до 10 степени, а во текот на денот од 7 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, според прогнозат ана УХМР, ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремен слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

За утре, синоптичарите најавуваат дека ќе има променливо облачно и релативно топло време. Во претпладневните часови ќе има слаб локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје и утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде до 17 Целзиусови степени.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: