Овошна торта

ЗА ПАНДИШПАН
10 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици брашно
1 прашок за печиво
30 мл рум
ЗА ФИЛ
4 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици густин
250 мл вода
250 мл течност од конзерва ананас
200 мл млеко
500 г кругови банани
500 г кругови конзервиран ананас
300 мл хопла
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното и прашок за печиво, и измешајте со лажица. Од смесата спечете пандишпан и исечете го на половина.
Сварете еден крем од водата, сокот од ананас, и по 4 лажици шеќер и густин. Од млекото, жолчките, и по 4 лажици шеќер и густин сварете втор крем. Откако ќе се изладат измешајте ги кремовите, додадете кругови банани и изматете го филот.
Лентите пандишпан попрскајте ги со рум. Филувајте ја првата лента, наредете кругови ананас и повторно филувајте. Ставете ја втората лента пандишпан, филувајте и нанесете изматена хопла.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.