Оливер Спасовски, заеднички кандидат од СДСМ-ДУИ?!?

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е заеднички кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, дознава “Медијал“.мк од извори внатре во коалицијата. Името на Спасовски било избрано на синоќешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.
Се чини дека сите други кандидатури паѓаат во вода. Спасовски е роден во Куманово, а во биографијата се забележува дека бил пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Куманово, а од 2008 до 2011 година како секретар во Општина Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.