Османи во инспекција на државните институции, ги проверува двојазичните табли (ВИДЕО)

Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања во саботата на својот Фејсбук профил објави видео на кое е снимен како ги проверува двојазичните табли на институциите во Скопје.
При проверката Османи забележа дека на Агенцијата за администрација таблата е само на македонски јазик, па веднаш му се јави на директорот.
– Бујар Османи е на телефон, како сте директоре? Сакав да те прашам, тука сум пред институцијата, гледам дека таблата е еднојазична. Каков е планот за менување? Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите. Подобро е што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комунициравте со Агенцијата за јазици? За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово, му вели тој.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.