Отишол по торта, уплати на лотарија и освои 33 милиони евра: Ден подоцна со еден потег шокираше многумина

Канаѓанец го добил џекпотот „Лото Макс“ од 36,5 милиони американски долари (околу 33 милиони евра), а добитниот тикет сосема случајно го купил во локален супермаркет.

Пјер Ришер од Монтреал дошол во продавницата со својата ќерка за да и’ земе торта, а потоа платил 10 долари за два талони.

Сиљановска ја вознемири Европската народна партија (ЕПП), ВМРО-ДПМНЕ е на врвот на листата за внатрешно прочистување
Некористењето на официјалното име на земјата од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на нејзината инаугурација, предизвика реакции низ Европа и особена вознемиреност во редовите …
Може ли новиот руски министер за одбрана да го смени текот на војната во Украина?
Рускиот претседател Владимир Путин го започна својот петти претседателски мандат со ретко потресување на владата, одлука што аналитичарите ја сметаа за неопходна за управување со долгата …

Ричер за медиумите изјави дека за добивката дознал ден по извлекувањето. Неговото дете било пресреќно и вриштело од среќа, пренесува USA Today.

И покрај неверојатните вести, тој остана опуштен и продолжи со активностите во денот.

Очигледно, Канаѓанецот не бил „заслепен“ од ненадејното богатство, бидејќи ден подоцна, во понеделникот, се појавил на работа!

Така, човекот направи нешто што на многумина сигурно ќе им биде неверојатно…

„Не можам да ги оставам. Без мене одделот за достава нема да биде ист“, изјави Ричер, кој работи во угостителска компанија.

Можеби изгледа рамнодушно, но 33 милиони евра суштински ќе го променат животот на членовите на семејството.

Ричер открива дека веќе имаат планови со парите.

„Ќе купиме куќа, нов автомобил и ќе одиме на одмор. Во суштина, тоа е сè“, рече тој, нагласувајќи дека ќе продолжи редовно да доаѓа на работа.

На крајот продавницата која го продаде добитното ливче ќе добие провизија од еден процент која изнесува 365.000 долари или околу 333.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.