Панцероти со пица фил

Состав
3 јајца
2 коцки квасец
500мл млеко
1 лажичка сол
пола лажичка шеќер
1 филџан масло
1 кг брашно
сусам
Фил
100мл кечап
1 лажичка оригано
150гр сечкана шунка
150гр сечкан кашкавал
150гр сечкани печурки

Се замесува тесто од 3 јајца, стасан квасец, млеко, сол, шеќер, масло, брашно кое треба да биде средно меко. Се остава 10 минути да стаса, а потоа се сука рачно или во калапче. Во средината се мачка маргарин и се става eдна лажичка фил. Се затвараат панцеротите и се прават краевите со вилушка. Се ставаа во плех, се мачкаат со изматено јајце и се наросува сусам. Се пече на 180° околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.