Пентагон соопшти дека ќе ја „забрза“ испораката на ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“ и артилериска муниција за Украина како дел од новиот пакет воена помош.
САД ќе искористат 6 милијарди долари за оваа намена, откри во петокот министерот за одбрана Лојд Остин.Сепак, системите за лансирање на ракети Патриот нема да бидат испратени, пишува Би-Би-Си, Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „Патриотите“ се „итно“ потребни за справување со растечката руска воздушна закана и „може и треба да спасуваат животи сега“.
- Сликање и медитација со Лида ШерафатмандВо вторник на 21 мај од 18:00 до 20:00 […]
- Ирак и Азербејџан нудат помош во потрагата по хеликоптерот на Раиси, САД со внимание ги следат деталите за несреќатаАјатолахот Али Хамнеи одржа итен состанок на Советот за безбедност и преку државната телевизија […]
- Рама: Единствен кој може да го собори Курти од власт е самиот тојАлбанскиот премиер Еди Рама коментирајќи го односот со неговиот косовски колега Албин Курти, кој […]
- Се урна хеликоптерот на претседателот на ИранХеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урнал додека денеска минувал планински терен во […]
- Во пукање во САД ранети се 11 лицаВо престрелката што се случила во центарот на Савана повредени се 11 лица. Пукањето […]
Извор потврди за Би-Би-Си дека 6-те милијарди долари се дел од пакетот помош од 60 милијарди долари, потпишан во закон од американскиот претседател Џо Бајден во средата, кој исто така вклучува и една милијарда долари повеќе непосредна помош.
Тие би вклучиле муниција за противвоздушна одбрана, системи против беспилотни летала и артилериска муниција, но не и ракетни системи Патриот.
Тој додаде дека е уверен оти на Киев наскоро ќе му бидат достапни повеќе ракетни системи. Во тек се разговори со европските партнери, нагласи тој, за обезбедување дополнителни капацитети.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.