Песната „Макарена“ може да ви го спаси животот

Песната на групата Лос дел Рио од 1993 година не само што е и ден денес позната, туку и дава добро темпо при итна масажа на срцето.
„Макарена“ беше вистински хит на светската сцена, а сега е и докажано дека може да спаси живот.
Шпанските научници советуваат докторите да се држат до ритамот на овој стар хит кога прават масажа на срцето.
Песната од групата дава добро темпо при итна работа на срцето, односно од 100 до 120 компресии во минута.
Истражувачи од Универзитетот во Барселона и Клиничката болница регрутирале 164 студенти по медицина за да спроведат експеримент. Поделени биле во тру групи, а сите требале да применат масажа на срцето на кукла во време од 10 минути.


Најдобри резултати покажале оние кои користеле мерење на апликација на мобилен телефон, наместен на 103 отчукувања во минута. Во таа група имало 91 процент на студенти кои држеле правилен ритам.
74 отсто од оние на кои им било советувано ментално да го следат ритамот на песната „Макарена“, исто така го држеле ритамот.
На крај само 24 проценти од вклучените во групата од која било побарано да изведат масажа без упатство, следеле добар ритам.
Масажата со „Макарена“ имала уште една предност: тие кои го следеле нејзиниот ритам многу побрзо почнувале со применување на масажата, додека тие кои ја следеле апликацијата најмногу чекале за првата компресија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.