Писмото на ова мало девојче до Дедо Мраз ќе ве расплаче: Мама вели дека си болен

10-годишно девојче му напиша емотивно писмо на Дедо Мраз, кое беше споделено на социјалните мрежи како дел од хуманитарната кампања во Кенсингтон.

Нивната желба е да укажат на проблемите со кои се борат сиромашните семејства, особено за време на празниците, пренесува Дејли Стар.

Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по Раиси
Тројца спасувачи кои трагаа по соборениот хеликоптер исчезнаа, изјави портпаролот на Црвената полумесечина, пренесуваат медиумите. Тимовите за пребарување се блиску до местото каде што можеби се урнал хеликоптерот, додаде портпаролот. …
Том Круз не сака да ја види својата ќерка повеќе од 10 години, таа сега се откажа од неговото презиме
Од 2013 година, Том Круз не сака да ја види својата ќерка Сури, која ја има во брак со Кејти Холмс. Таа сега реши да се откаже од неговото презиме.На …

Порака која ќе ве расплаче гласи:

,,Дедо Мраз, мама ми рече дека си болен оваа година и не можеш да дојдеш кај нас. Се надевам дека ќе оздравиш наскоро. Мислам дека тоа би го израдувало мојот брат! Те сака Лили (10 години). П.С. Бевме навистина добри деца.

Добротворната организација го објави писмото на Фејсбук и рече:

„Ниту едно дете не треба да мисли дека Дедо Мраз е болен и не може да му донесе подароци. Едно од седум деца ќе остане без подарок овој Божиќ. Ја користиме кампањата „Драг Дедо Мраз“ за да ја истакнеме борбата на семејствата кои живеат во сиромаштија“.

Акцијата привлече големо внимание на социјалните мрежи, особено откако беше објавено од други организации, меѓу кои и „Come Together Christmas“ од Ливерпул.

Посочуваат дека добиле бројни донации кои во наредните денови ќе израдуваат многу луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.