Пожарот во Велес ќе го зафати и Башино село, отежната е работата на екипите

Според најновите информации од екипите кои се на терен, пожарот кај езеро Младост, велешко, сеуште е активен. Горниот дел кај езерото е ставен под контрола, но има проширување на краци назад кон Башино Село и отпадот Дине кај автопат.


На терен дејствуваат сили на АРСМ, како и екипи на ТППЕ Велес, Неготино, Св.Николе, Штип и Кавадарци, а побарана е помош и од Скопје. Исто така, во текот на целиот ден се дејствуваше и од воздух со хеликоптер на АРСМ и два канадери на ДЗС, кои поради слабата видливост во текот на ноќта ќе бидат повлечени.
Гори нискостеблеста шума, смрека и сува трева, а силниот ветар во моментот го отежнува гаснењето на пожарот. Во тек е координација на градоначалникот на општина Велес со субјектите кои се вклучени во гаснењето на пожарот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.