Посни мафини без масло: Совршени колачи за секој ден

Овој рецепт е одличен за пост на вода. Дополнително, многу е вкусен.
Состојки:
150 грама брашно
150 грама мелени овесни снегулки
300 милилитри вода
3 лажици гриз
1 кесичка прашок за печиво
половина кесичка сода бикарбона
50 грама какао
50 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер


цимет
2 изрендани јаболка
2 изгмечени банани
кора од портокал или лимон
суво грозје
мелени ореви
Приготвување:
Измешајте ги прво сите суви состојки, па додајте ги водените и на крај постепено додавајте вода.
Добро соединете ја смесата и ставете ја во калап во кој претходно сте наредиле хартиени корпички.
Загрејте ја рерната на 220 степени, па печете ги мафините 15-20 минути.
Доколку немате калап, може да го ставите колачот во обичен плех и да го испечете цел.
Кога ќе бидат готови, може да ги наросите со шеќер во прав или да ги украсите со ливчиња бадеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.