Променливо време со сончеви периоди

Наутро по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за слаб дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.
Продолжува периодот на стабилно време со релативно високи температури. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност, па во овие места дневната температура ќе биде пониска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.