Робен ја детронизира Борусија Дортмунд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се простија од трофејот во германскиот Куп, откако во четвртфиналето беа елиминирани од Баерн Минхен.

Баварците, на „Алијанц Арена“ до победата стигнаа со голот на Аријан Робен, постигнат во 43.минута од натпреварот. Холандскиот интернационалец, со одмерен удар од 20 метри, во финишот на првиот дел го совлада Вајденфелер, со што само потврди дека неговата форма е во подем. Пласман во полуфиналето на купот изборија и фудбалерите на Штутгарт кои без проблеми се справија со второлигашот Бохум. Гентер и Ибишевиќ ги постигнаа головите со кои Штутгарт победи со 2:0. Покрај Баерн и Штутгарт, полуфинале во купот обезбедија уште Фрајбург и Волфсбург.
Макфакс
Фудбалерите на Борусија Дортмунд се простија од трофејот во германскиот Куп, откако во четвртф

Пронајдете не на следниве мрежи: