Пред неколку години, пејачката Сандра Африка беше првата нападната и предмет на голема истрага за затајување данок, бидејќи се движеше со прескапи автомобили, се фалеше со луксузен замок и јахта.
Потоа даночната управа ја ,,прочешла” пејачката за да го утврди потеклото на имотот, како и дали за него се плаќаат даноци.
- Пленковиќ по трет пат стана премиерВо новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето-плата од 1 600 […]
- Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинатиСрпскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека причина за […]
- (Видео) 360° кај албанските гласачи – што да очекуваме од и за новата владаДали намерата на ВМРО-ДПМНЕ наместо со коалицијата на ДУИ да формира влада […]
- Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртвиИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е „посветен“ на враќање на […]
- УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да […]
Познатата изјава на Сандра Африка дека јахтата со која се пофалила и’ ја купила баба и’, како автомобил Мерцедес и стан во Монте Карло.
Имено, додека медиумите беа преполни со наслови и написи за нејзината јахта, како и од каде ги добила парите да ја купи, Сандра рекла дека луксузниот брод го добила на подарок од баба и’. Во една прилика Сандра тогаш изјавила дека јахтата е на продажба и дека планира да додаде уште за да купи нова.
Откако многумина прашаа од каде бабата пензионерка пари за скапи работи, пејачката реши да објасни.
– Моите баба и дедо се 40 години во Германија. Таму живеат, таму работат. Тоа се родителите на мама и самиот брат на мама. Сите се таму, па не гледам проблем бидејќи реков дека баба ми купила автомобил и оставила стан во Монте Карло – изјави Сандра Африка во емисијата „Ексклузив“ на Првата српска телевизија.
И, конечно, после сè, дојде време Сандра да ја претстави својата баба, а по некое време на Инстаграм објави фотографија која е направена додека пејачката била на гости кај баба и’ и дедо и’ во Германија, а неодамна се пишувало и за нејзиното бебе.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.