Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вчера се ожени со својата долгогодишна љубов Марија Франсиска Перељо, позната и како Чиска, а една фотографија ја одбележа нивната венчавка на Интернет.
За се да биде уште побизарно фотографијава воопшто и не е од свадбата на Надал, но кога ќе видите за што се работи ќе сфатите каква врска има со него.
На фотографијата се пет жени, деверици во зелени фустани, кои ја придружуваат невестата. Она што паѓа во очи се две од девојките кои заостануваат зад невестата, а причината за тоа е што морале да ги извлечат гаќичките (фустаните) од своите задници.
“Првите гости доаѓаат на свадбата на Рафаел Надал. Овие очигледно се од страната на младоженецот“-пишувало во описот на фотографијата.
Љубителите на тенисот кои го следат Надал точно знаат за што станува збор. За оние, пак кои не се информирани, светски познатиот Шпанец често знае за време на мечот да си ги мести своите гаќици, за што многумина во текот на кариерата му забележуваа. Нема сомнеж дека оваа фотографија насмеа многумина.