СЕ ОГЛАСИ ЕВРОПСКАТА УНИЈА! Се соочуваме со огромен ризик од терористички напади

Европската унија во моментов се соочува со зголемен ризик од тероризам поради војната во Газа, изјави денеска европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Со војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, со претстојната празнична сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, рече Јохансон пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на рибарски чамец и ја …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. Пешакот бил повреден во …

Во саботата во Париз беше убиен германски турист

Таа се осврна на нападот со нож во Париз во саботата во кој беше убиен еден германски турист, а уште двајца беа повредени, како и претходните напади. Јохансон најави дека „ќе стави на располагање дополнителни 30 милиони евра за заштита на, на пример, свети објекти“.

Министрите на ЕУ треба да разговараат за безбедноста во блокот во светло на војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред се и дебатата за Шенген зоната и напредокот во реформите на политиката за азил и миграција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.