Членовите на Советот на Град Скопје, како и членовите на управните и надзорните одбори во претпријатијата уништуваат човечки судбини на луѓе болни од рак, нагласи на денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска.
- Србија ќе го отплаќа ЕКСПО центарот околу 30 години
- ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 МАЈ 2024: Упорноста на Овенот се исплати, на Бикот му требаат сигурни соработници, на Близнаците опуштени, Ракот инвестира
- Гувернерот на Харковската област: Украина контролира околу 60 отсто од градот Вовчанск
- Раиси беше вистински пријател на Русија
- ДАЛИ СЕ БЕШЕ НЕСРЕЌА? Еве кого може Иран да обвини за трагедијата во која загина претседателот Раиси
Како што кажа градоначалничката, со негласањето на плановите за вработување во претпријатијата се уништуваат човечки судбини на луѓе кои се болни од рак, се лечат на Онкологија, а немаат здравствено осигурување затоа што не можат да бидат редовно вработени во претпријатието поради блокадите од советот.
– Вашите управни одбори не гласаат да може да функционира ЈСП, луѓето таму се борат за живот, има луѓе таму немаат здравствено осигурување, болни се од канцер, се лечат на Онкологија, а не можат да си покријат основно здравствено осигурување… И некој тука има образ да зборува… Да се срамите сите! Тој мицковизмот е рак рана на македонското општество, истакна Арсовска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.