,,Со болка во душата и грутка во грлото” Ди Марија објави вест која ќе ги растажи Аргентинците: Се збогувам со најубавото

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија ќе ја напушти репрезентацијата по Копа Америка во 2024 година, соопшти денеска тој.

„ Со болка во душата и грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата “, напиша Ди Марија на Инстаграм.

Маж вербално ѝ се заканувал на Кацарска, полицијата го лишила од слобода
Од Уставниот суд за МИА изјавиле дека претседателката на Судот, Кацарска, денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за …
Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар
Денес во централното градско подрачје на Гостивар беа поставени иновативни корпи за отпушоци од цигари, со цел намалување на …
Масовни протести во Грузија, претседателката стави вето на „рускиот закон“
Од првото спомнување на нацрт-законот во парламентот минатиот месец, избија масовни протести во главниот град на Грузија, Тбилиси Протестите продолжуваат по усвојувањето на …
Ветерот и Сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ
Прегледот на глобалната енергетска  состојба покажа дека ветерот и сончевата енергија лани генерирале рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ, за првпат …

Копа Америка во која Аргентина ќе ја брани титулата ќе се игра од 20 јуни до 14 јули 2024 година.

„ Тоа ќе биде последен пат да го носам дресот на Аргентина “, додаде 35-годишниот играч на Бенфика од Лисабон.

Ди Марија играше и за Росарио, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Париз Сент Жермен и Јувентус.

Во националниот дрес одигра 134 натпревари и постигна 29 голови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.