Сообраќаен метеж во Скопје, еве на кои булевари има привремен сообраќаен режим

На булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара и на регионалниот пат „Јадранска магистрала“, кај натпатникот кон Визбегово денеска ќе има привремен сообраќаен режим заради изведување градежни зафати.
Од Град Скопје информираа дека екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина. Градежните работи ќе се изведуваат од 7:30 до 12:30 часот поради што сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.
Се апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајниот режим и поставената патна сигнализација, и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.