Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Горан Весиќ најави дека со новиот брз воз од Белград со Скопје ќе се стигнува за 2 часа.
Весиќ на „Тик Ток“ најави дека Србија во моментов купува брзи возови, а една од линиите ќе ги поврзе српскиот главен град и Скопје.
„Србија во моментов купува најмногу брзи возови во Европа. И затоа нашите граѓани за три часа ќе одат во Будимпешта, за 100 минути во Ниш, за нешто помалку од два часа во Скопје, а во иднина и во Солун, рече министерот Весиќ.
@sicve011 #fyp #srbija #brzivoz #budimpesta #beograd #brzapruga #vesic #goranvesic #fypsrbija #brzapruga #vozovi #novivoz #saobracaj #sicve011 #putovanja ♬ original sound – Goran Vesić