Сѐ почнува од главата: Девет болести кои ги добиваме заради психата

Нашето физичко здравје е тесно поврзано со нашето ментално здравје, и обратно. Секојдневните грижи и стресот често се манифестираат низ различни физички болки и проблеми. Кога лекарите не можат да најдат физичка причина за болката која хронично нѐ измачува, можете да бидете сигурни дека таа е последица на емотивната состојба.
Што ви порачуваат болките кои ги чувствувате во телото:
Болка во главата. Иницијална каписла за болка во главата, слична на главоболка, може да биде секојдневниот стрес. Ако почувствувате ваква болка, најдете време за одмор и обидете се да го намалите стресот.
Болка во вратот. Ако чувствувате болка во вратот, тоа може да значи дека имате проблем со простувањето на другите, но и себеси. Размислувајте за работи кои ги сакате кај другите луѓе.
Болка во рамениците. Ваквата болка укажува на тоа дека носите тешко емотивно бреме.

Концентрирајте се на проактивно решавање на проблемот и дозволете им на другите да ви помогнат.
Болка во горниот дел на грбот. Оваа болка значи дека немате доволно емотивна поддршка. Можеби се чувствувате несакано и непожелно. Во случај да сте сами, можеби е време да пронајдете партнер.
Болка во долниот дел на грбот. Оваа болка може да значи дека премногу се грижите за пари. Можеби е време да побарате совет околу планирањето на финансиите.
Болка во лактите. Болката во лактот укажува на вашиот отпор кон промени во животот. Вкочанети раце значат и вкочанет живот. Време е малку да ги размрдате работите.
Болка во колковите. Оваа болка значи дека премногу се плашите од промени. Болните колкови значат дека се колебате да се придвижите напред и дека сте премногу внимателни кога нешто решавате.


Болка во колената. Може да биде показател на премногу надмено и високо мислење за себе. Обидете се да бидете поскромни и извесно време поминете во волонтирање. Запомнете дека сте само обичен смртник.
Болка во дланките. Покажува дека можеби не допирате до другите луѓе на начинот на којшто сакате. Размислете за стекнување нови пријатели, ручек со колега и создавање нови врски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.