Тајните симптоми на стресот

Истражувачите откриле дека постои многу мала разлика помеѓу желбата за слатка храна кај жените кои се пред и жените кои веќе го поминале периодот на менопаузата, па сметаат дека најверојатно стресот е виновник за копнежот по чоколадо. Тоа е така затоа што кога телото е изложено на стрес, се активира желбата за внесување на јаглехидрати.

Некои пак се обидуваат да го намалат стресот преку консумирање на мрсна брза храна.

Експертите сметаат дека луѓето се склони кон консумирање на брза или слатка храна за да се опуштат и да си го подобрат расположението, но тоа секогаш има краткотраен ефект.

НЕРЕГУЛАРНА И БОЛНА МЕНСТРУАЦИЈА

Експертите сметаат дека менструацијата често изостанува кај жените кои се под стрес затоа што телото знае кога не е добро време за оплодување. Стресот многу лесно може да го наруши хормоналниот баланс.

Жените кои се изложени на голем стрес двојно почесто се соочуваат со болна менструација во споредба со жените кои се порелаксирани.

Како отчукува биолошкиот часовник кај жената?

ГЛАВОБОЛКИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНД

Стресот може да биде виновник за појавата на мигрена. На сите ни е познато тоа, па затоа може да ви звучи чудно дека намалувањето на стресот за време на викенд може да биде причина за главоболка.

Експертите веруваат дека значителното намалување на стресот може да предизвика мигрена. Главоболките во овој случај се појавуваат поради тоа што луѓето во текот на викендот ги менуваат своите навики за консумирање на кафе, будење или легнување за спиење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.