Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на средбата со неговиот украински колега Денис Шмигал, закажана за 24 јануари во Ужгород, ќе соопшти дека неговата земја ќе го блокира членството на Киев во НАТО, бидејќи тоа би предизвикало трета светска војна.
„Знам со што одам (на средбата со украинскиот премиер), одам со хуманитарна помош, како и со потврда дека нема да добијат оружје од словачката армија и од државните магацини. Ќе кажам дека има работи за кои нашите ставови се сосема различни“, нагласи премиерот на Словачка.
- Василевска: Ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнуваКлучно е дека повторно државата се враќа на шини и она […]
- Освежителен шприцер од праска и лубеницаАко сакате да се освежите во текот на летото, ова е […]
- ЧОЛА ЗЕДЕ 45.000 € ЗА 45 МИНУТИ ПЕЕЊЕ НА СВАДБА! Имал посебни услови, еве што НЕ смееле да прават младенците и гостите (ФОТО)Здравко Чолиќ минатиот викенд беше специјален гостин на венчавката на син на бизнисмен , […]
- НАСКОРО ДО ГЕРМАНИЈА ЗА СЕДУМ МИНУТИ: Се гради најдолгиот подводен тунел во светот – ги поврзува Скандинавија и Централна ЕвропаЗапочна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот, кој ќе ги поврзува Скандинавија […]
- Почина актер од „Пиратите од Карибите“: Ајкула го нападнала додека сурфал, лекарите можеле да констатираат само смртПрофесионалниот сурфер и спасител Тамајо Пери (49), кој имаше помала улога […]
Кога станува збор за аспирацијата на Украина за влез во Европската унија, Фицо рече дека „ние го почитуваме тоа, но тие мора да ги исполнат условите“.
„Ќе кажам дека сум против членството на Украина во НАТО, дека ќе го искористам правото на вето и ќе го блокирам, бидејќи тоа би била основата на Третата светска војна“, додаде тој.
Според него, средбата закажана за 24 јануари во Ужхород ќе биде „интересна“, а додаде дека украинската страна не сака да одржи прес-конференција за нејзините резултати.
Словачката влада претходно одлучи да се фокусира на хуманитарната помош и да престане да испраќа оружје во Украина.
Владата на чело со Роберт Фиц не го одобри предлогот на претходната влада за испраќање нов пакет воена помош за Украина во вредност од 40,3 милиони евра.
Тој пакет воена помош требаше да биде 14-ти од Словачка, а од почетокот на конфликтот таа земја испратила оружје, муниција и опрема во Киев во вредност од 671 милион евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: