Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика во тетовско!

МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с. Чегране, Гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија.

Жиру го напушта Милан и се сели во САД
Францускиот напаѓач Оливие Жиру на крајот од сезоната ги напушта редовите на италијанскиот фудбалски гигант Милан и кариерата ќе ја продолжи во северноамериканската МЛС лига. Засега не е …
Стејт департмент: САД се цврсто посветени на Преспанскиот договор
Соединетите Држави остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и интеграцијата на Северна Македонија во евроатлантските институции, порача претставник на Стејт департментот, по изборите одржани на 8 мај.Ставот …

Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.

Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.