УКРАИНА ОСТРО ГИ ОСУДИ ПЛАНОВИТЕ НА КРЕМЉ – Претседателските избори во Русија за официјален Киев ќе бидат неважечки!

Официјален Киев изрази незадоволство поради плановите на Русија да одржи претседателски избори напролет, на кои ќе се кандидира актуелниот претседател Владимир Путин.

Министерството за надворешни работи на Украина ги прогласи изборите закажани за 17. март за „неважечки“ и вети дека сите меѓународни набљудувачи ќе бидат испратени да ги набљудуваат со цел да се соочат со кривична одговорност организаторите односно Кремљ.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. …

Руските власти планираат да организираат гласање и во окупираните украински региони како Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Планирано е гласање и на полуостровот Крим, кој беше незаконски анектиран од Русија во 2014 година.

Потсетуваме, Владимир Путин вчера објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.