Унгарското малцинство во Романија бара автономија

 Неколку илјади Унгарци, припадници на регионалната заедница населена во источните делови на Романија протестираа во неделата во градот Тургу Муреш, барајќи автономија за Сикулски земји.Повеќето припадници на унгарската заедница Сикула живеат во областа Сикулски земји, што е историско име за областа на жупаниите Ковасна и Хргита, и дел од жупанијата Муреш во југоисточна Трансилванија.Демонстрантите се собрале пред споменикот на Сикулските маченици подигнат во знак на сеќавање на револуционерите убиени во 1954 година, а потоа го продолжиле мирниот протест низ центарот на Тургу Муреш, кој беше центарот на жестоките меѓуетнички судири во 1990 година кога загинаа пет лица.Истакнувајќи ги унгарските тробојки и сикуслките знамиња, демонстрантите стигнале до градскиот совет каде делегација на Сикулите на локалните власти им предало петиција.„Сикулската семја треба да стане автономна, Бараме тоа да биде законски регулирано“, изјавил пред демонстрантите претседателот на Сикулскиот национален совет, Ишак Балаш, еден од организаторите на протестот, пренесува AFP.Додал дека се протестира и против планот за регионализација кој, како што нагласил, се заканува по егзистенцијата на сикулскиот народ, Со планот на владата на Романија се предвидува промена на територијалниот систем на земјата со што сегашните 42 жупании би биле заменети од осум региони, што од своја страна, како што тврдат претставниците на Сикулскиот национален совет, би го изменил етничкиот состав во областите во кои Унгарците сега се мнозинство.На заедница Сикула отпаѓаат 40 отсто од 1,4 милиони трансилваниски Унгарци, што во бројка би значело 670 илјади луѓе.
Макфакс Неколку илјади Унгарци, припадници на регионалната заедница населена во источните делови на Романија проте

Пронајдете не на следниве мрежи: