Франција е светски шампион

Репрезентацијата на Франција е новиот светски шампион откако во денешното финале ја совлада Хрватска со конечни 4-2.
Во едно од најефикасните финалиња во историјата, „триколорите“ заслужено стигнаа до златото и ја оправдаа фаворитската улога.


Со автоголот на Манџукиќ Франција поведе, за Перишиќ да израмни во првиот дел само 10-тина минути подоцна. Конечните 2-1 по првите 45 мин. ги постави Гризман од пенал.
Во вториот дел Франција беше немилосрдна, па со головите на Погба и Мбапе зголемија на 4-1, за повторно Манџукиќ да стрела последен во овој меч, овој пат во противничката мрежа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.