ФРАНЦУСКИ ВОЕН БРОД НАПАДНАТ ВО ЦРВЕНО МОРЕ: Екипажот пукаше во дронови лансирани од Јемен ХУТИТЕ ИСПРАТИЈА СТРАШНА ПОРАКА

Француски воен брод собори два дрона во Црвеното Море кои беа лансирани кон него од брегот на Јемен.

Француското Министерство за одбрана соопшти дека повеќенаменската фрегата Лангедок го пресретнала и уништила првиот дрон во саботата околу 21 часот и 30 минути, додека вториот дрон бил соборен два часа подоцна на околу 110 километри од јеменскиот брег во близина на градот Ел Худајд.

ЕУ започна истрага против МЕТА: „Фејсбук и Инстаграм може да имаат ефект на „зајачка дупка“ кај децата?!“
Европската унија започна истрага против Мета, сопственикот на социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм, за да утврди дали нејзините производи или услуги предизвикуваат зависност кај децата. Европската комисија објави дека отвора истрага за потенцијално прекршување на …
Пожарникари извлекувале човек паднат во река, а ваделе и вода од поплавени простории
Изминатото деноноќие пожарникари биле ангажирани за извлекување на човек паднат во река, како и за вадење вода од поплавени простории Пожарникарите во државава, покрај во гаснење на урбани пожари, изминатото деноноќие биле …

Јеменското шиитско движење Хути, да потсетиме, претходно најави дека ќе ги нападне сите бродови кои се упатуваат кон Израел, без разлика на нивната националност, и ги предупреди сите меѓународни бродски компании да не прават бизнис со израелските пристаништа.

Хутите, подредени на Иран, нападнаа и киднапираа неколку бродови поврзани со Израел во Црвеното Море и теснецот Баб ел Мандаб, кој е бродска рута за најголемиот дел од светската нафта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.