Шест златни правила за здраво готвење

Велат дека сме она што го јадеме, па затоа би било добро да внимавате како ги подготвувате оброците ако сакате енергија, идеална линија и долг живот!
Еве неколку важни правила за подготовка на храна, а вие сетете се на нив и применете ги кога подготвувате храна за себе и за луѓето што ги сакате.
1. Количината на масло
Колку масло користите за подготовката на храната влијае на вашето здравје повеќе отколку што мислите. Намалувајќи ја количината на масло, автоматски го намалувате внесувањето на калории во организмот и со тоа спречувате развој на одредени болести како што е прекумерната дебелина, што на крајот може да предизвика хипертензија или срцев удар.


2. Свежа храна
Употребата на овошје и зеленчук при подготовката на оброците треба да биде основно правило за исхрана. Свежата храна содржи многу повеќе витамини и минерали отколку оние што долго време биле во фрижидер или веќе биле зготвени.
3. Техника за готвење
Начинот на кој термички ја обработувате храната ќе одреди колку хранливи материи ќе содржи оброкот. Експрес тенџере е одлична опција за здраво готвење.
4. Житарки и мешунки
Некои видови храна ако ги оставите во вода во текот на ноќта, потоа ќе се готват побрзо, антинутриентите ќе исчезнат од нив и сите потребни хранливи состојки ќе останат во нив. Тие исто така ќе бидат полесни за варење.
5. Лушпа
За време на подготовката на овошјето и зеленчукот, често одлучуваме да ги излупиме, но лушпата е извор на хранливи материи што му се потребни на нашето тело. Наместо да лупите, одберете добро миење на овошјето и зеленчукот со топла вода за да ги зачувате овие хранливи материи или оставете го да отстои во сад со вода во која сте раствориле сода бикарбона.
6. Бланширање
Бланширањето е најдобриот начин за зачувување на бојата и хранливите материи. Со ставање на храната во вода на кратко време на температура од 98-100°C (главно спанаќ, блитва, кељ, мешунки), може да се зачува сочноста на плодот или да се спречи дополнително истекување и испарување на природните сокови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.