Шилегов ќе го отвори 14. Генерално собрание на НАЛАС

Денес во Град Скопје ќе биде отворено 14. Генерално собрание на НАЛАС (Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа). Собранието ќе се одржува денеска и утре, а ќе го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Како претседател на ЗЕЛС Шилегов минатата година учествуваше на 13. Генерално собрание на НАЛАС што се одржа на Брдо кај Крањ во Словенија, кога и беше избрано ново раководство. Со оглед на ротирачкото претседателство, Шилегов беше назначен за прв потпретседател на НАЛАС за 2018 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.