Шницли во прекрасен сос со лук и Вустершир сос со пире од компири

Состојки:
1 лажичка кромид во прав
1 лажичка лук во прав
1 лажичка оригано
1 лажичка слатка пиперка
1 лажичка италијански зачини
1 лажичка пиперка
1 лажица брашно
1 лажица Вустершир сос
1 кромид
1 пиперка
450 гр стек
2 чешниња лук
малку рузмарин
500 мл говедска супа

Подготовка:
Измешајте ги сите зачини во сад, па месото намачкајте го со масло и истријте ги зачините од двете страни. Во тава растопете го путерот, па додадете го месото и пропржете. Свртете на другата страна и додадете цели чешниња лук, како и рузмарин. Пржете кратко од двете страни, а повремено прелијте со течноста што ја испушта месото. Во тавата се ставаат крупно исечканите кромид и пиперки, па се додаваат месото, лукот и рузмаринот кои се пржени со месото. Истурете ја и топлата супа и Вустершир сос, покријте и динстајте на ниска температура околу 3 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.