Шефот на израелската безбедносна агенција Шин Бет вели дека тој е лично одговорен за недостигот на рано предупредување за напад на Хамас врз Израел.
- И покрај низата акции што ги изведовме, за жал, не успеавме да генерираме доволно предупредување што би овозможило спречен нападот. Одговорноста е моја бидејќи јас сум на чело на организацијата. Ќе има време за истраги. Сега се бориме – напиша Ронен Бар во порака до членовите на агенцијата.
- Орбан: Јас сум единствен кој се бори за мир во ЕУ
- Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков неповреден во тешка сообраќајна несреќа
- Мајката на Коста: Oд каде мојата ДНК на чаурите-оставете на вашата фантазија
- Лидс Јунајтед се избори за решавачкиот меч за влез во Премиер лигата
- Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата
- Победи на Барселона и Реал Сосиедад
- Вучиќ: Македонците се наши браќа и пријатели, но одлуките кои доаѓаат од Скопје не се фер кон Србија
- Мицкоски најави дека новата влада ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“
- Во центарот на српските вооружени сили во тек е вежбата „Заеднички оган 2024“
Локалните медиуми објавија дека неколку часа пред нападот на 7 октомври, одбранбената единица идентификувала невообичаено движење во Појасот Газа, што предизвикало телефонски повици меѓу високи функционери доцна во ноќта, но знаците во голема мера биле отфрлени.
Сепак, според извештаите на медиумите на хебрејски јазик, Бар отишол во седиштето на агенцијата и наредил распоредување на мал тим стациониран на границата на Појасот Газа во исчекување на напад од мал обем.
Агенцијата соопшти дека најмалку 10 членови на Шин Бет биле убиени за време на напад на Хамас на 7 октомври.
- Во војна сме, а не во борбен круг. Војната завршува со одлучувачка победа и промена на ситуацијата. Нема граница и временско ограничување. До самиот крај – додава Бар.