Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги соопшти точните датуми на седниците за оставки и избор на техничка влада. Во согласност со премиерот определивме рамковни рокови кои почнуваат од утре за поднесување оставки и закажување седница за констатирање на оставките, потврди Џафери.
- Германија бара средства за зголемување на воената помош за УкраинаГерманската влада бара дополнителни средства за зголемување на воената поддршка за Украина во […]
- Реал испушти три гола предност, Кадиз испадна во СегундаДури осум гола беа постигнати во натпреварот меѓу Виљареал и Реал […]
- (Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск: Ќе се повтори ли Бахмут?Додека руските сили веќе ја преминаа северната граница на регионот Харков, шефот на […]
- Развиен нов третман за рак за пациенти алергични на хемотерапијаПочнуваме со мали дози за да не ги активираме клетките кои предизвикуваат проблеми, […]
- Чилеански јавач нема да настапи на Олимпијадата поради смртта на кобилатаЧилеанскиот јавач Хаиме Битнер нема да може да се натпреварува во коњичка дисциплина […]
„За 26 овој месец се отвара патот за почнување на процедурите за избор на нов претседател на собранието, определување мандатар потоа и две последователни седници“, вели Џафери.
Според договореното утре почнува процесот со оставка на премиерот, а на седницата закажана за 26 јануари, овие оставки ќе се констатираат по што се известува претседателот на државата дека владата е во оставка.
Предлог програма и состав на влада треба да се достави на 27 до собранието и на 28 на седница да биде на дневен ред избор на техничка влада. Во исто време на 28 ќе се извести ДИК за престанок на мандат на пратеник од И.Е 5. Потоа следи достава на предлог програма и имиња на министри и заменици министри. Џафери очекува дека на истата седница да биде и изборот.
Составот на влада мора да е целосен за да стапи на сила преодната влада 100 дена пред изборите.
Активностите во Собранието започнуваат со констатирање на оставките на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, изборот на новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, потоа известувањето на претседателот на државата за доделувањето на мандатот на новиот премиер, изборната влада, министрите, замениците министри и дополнителните заменици министри, како и изјавата за престанок на мандатот на Пратеник и верификацијата на мандатот на новиот пратеник во ИЕ 5.
Македонија до недела на полноќ (28 јануари) треба да има трета преодна влада на чело со Џафери.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека вечерва по партискиот Извршен комитет ќе ги соопшти имињата на техничките министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика и за дополнителни министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.
Талат Џафери, на прашање дали владата ќе биде комплетна со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ако достават имиња, да, бидејќи така налага законот.
„Владата ќе биде во склад на Уставот и законот. Ако има предлози од ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе бидат во техничката Влада“, рече Џафери
Техничката влада се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели порано, на 24 април, ќе се одржат и претседателските избори.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.