Апасиев за Ковачевски: Лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим

„Политико“ објави, а пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, праша дали неговиот имењак Ковачевски навистина не го пуштиле на собирот на европските социјалисти во Рим. Апасиев се изнасмеа преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Таче не го пуштиле да влезе на собирот на европските социјалисти во РИМ!? 😂🤣😂 Епа како да пуштат лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим, бе? p.s. Социјал-демократијата веќе не е секси“, напиша Апасиев.

Влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Пронајдете не на следниве мрежи: