Арсовски: Шоуто за собирање на потписи на претседателските кандидати малку личи на Евровизија

Шоуто за собирање на граѓански потписи за кандидатурите на партиските адути за претседател на државата помалку личи на Евровизија, вели политичкиот аналитичар, Петар Арсовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Од Крива Паланка толку гласови за овој кандидат, од Кичево толку гласа за овој кандидат. Уште да се јави некој со микрофон. Партиите почнаа да го користат собирањето на потписи како во пред кампања во обид, со пи-ар тактика, да докажат дека брзината на собирање на потписи е индикација за нивото на поддршка што ја имаат нивните кандидати“, смета Арсовски.

Во основа, додава тој, тоа не е точна аналогија, иако можеби е индиција како партиите се организациски добро поставени.

Пронајдете не на следниве мрежи: