БРИТАНИЈА КУПУВА МОРСКО ЧУДОВИШТЕ! Ова е најмоќната подморница во светот – ќе ВЛАДЕЕ со европските води поради ова!

Британската армија потпиша договор вреден 15,4 милиони фунти за набавка на подморница без екипаж која се смета за најмоќна подморница на планетата!

Владата на Велика Британија потпиша договор вреден 15,4 милиони фунти за купување на, како што се вели, најмоќната подморница во светот. Станува збор за дрон подморница која е долга 12,2 метри и нејзината големина одговара на познатиот градски транспортен автобус во Лондон – „даблдекер (како во Скопје)“, пишува „Бизнис инсајдер“.

БРИТАНИЈА КУПУВА МОРСКО ЧУДОВИШТЕ! Ова е најмоќната подморница во светот – ќе ВЛАДЕЕ со европските води поради ова!

Првиот подморски дрон во Велика Британија, наречен „Cetus“ по познатото морско чудовиште Цети од грчката митологија, ќе се користи за заштита на клучната национална инфраструктура, како и за следење на сомнителните активности во подводниот свет.

Британското Министерство за одбрана наведува дека оваа подморница може да помине околу 1.600 километри во една мисија и дека може да извршува задачи на длабочини кои се многу поголеми од длабочините на кои денес се наоѓаат британските подморници.

„Тоа ќе биде најголемата и најкомплексната подморница без екипаж со која управува европска морнарица“, се вели во соопштението на британската влада.

Адмиралот на британската морнарица Бен Кеј зборуваше и накратко коментираше за оваа подморница.

„Оваа исклучителна автономна подморница ќе биде целосна промена на играта и ќе и помогне на Британија да доминира во подводните битки“, рече тој.

Владата на Велика Британија наводно се одлучила на ваков чекор поради експлозијата на гасоводот Северен тек. Западните сили тврдат дека Русија е одговорна за тоа, а таа тврди дека нема логика дека Москва стои зад тоа. Кратка изјава за медиумите во врска со „Цетус“ даде и британскиот министер за одбрана Бен Валас.

„За да одговориме на растечките закани за нашата подводна инфраструктура, Кралската морнарица мора да биде пред конкуренцијата. Ја имаме вистинската работа за заштита и безбедност на Обединетото Кралство и нашите сојузници“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.