Вода со лимун секој ден еден месец, pезултатот на мојата кожа БРИЛИЈАНТЕН

Loading...

Признание: во последно време не се грижам баш најдобро за мојата кожа. И покрај тоа што сум џанки за нега на кожата, животот ми наметна брзо темпо и се олабавив малку кога станува збор за мојата бјути рутина. Заспивав со шминка, прескокнувајќи неколку чекори (но никогаш хидратен крем!). И, се разбира, реперкусиите почнаа да се појавуваат. Мојата кожа неодамна почна да изгледа уморна и подуена. Во обид да бидам проактивна во врска со поправање на штетата, отидов во потрага за поприроден пристап кон своето лице. Секој ден слушнав за пиење вода со лимон за различни намени, но една моја пријателка сподели како работи еликсирот за нејзината кожа вода со лимон. Откако поминав малку време на истражување, сфатив дека не е сама – многумина се колнат во резултатите за одлична кожа и целокупното здравје на телото и кожата. Па започнав секое утро со две високи чаши свежо исцеден сок од лимон и вода. Еве да споделам што научив после само еден месец.
Колку што е важно да ја детоксифицирате кожата однадвор, треба да се обидеме да ја детоксицираме и одвнатре. Водата со лимон помага да се елиминираат штетните токсини кои можат да покажат надворешно оштетување на вашата кожа. Сфатете го тоа како исфрлање на сите лоши работи. Во рок од една недела, моите пори беа помалку видливи и се чувствуваа многу помалку запушени. Сокот од лимон е природен антибактериски агенс. Пиењето на овој напиток може внатрешно да ги протера штетните бактерии или токсични материјали од крвотокот. Ова за возврат ќе ви помогне да ја размрдате вашата кожа и да помогнете да се регенерира одвнатре. Бев исто така подложна на акни но како што напредуваше мојот третман со вода со лимун, моите акни не исчезнаа целосно, ама се појавувааа многу поретко. Водата со лимун има толку висока содржина на витамин Ц, сметајте на тоа и да ги осветли темните дамки на кожата. Сите ние посакуваме уште ист тон на кожата, а последното нешто кое го сакаме се темни дамки или хиперпигментација. Отсекогаш сум имала проблем и мака да ги корегирам темните дамки со актуелните производи за нега, но со пиењето вода со лимон помогна во тоа мојата кожа и нејзиниот изглед има поизедначена структура. Покрај осветлувањето, витаминот Ц, исто така, помага да се поправат оштетените клетки на кожата. На долг рок, тоа помогна да ги ублажи моите линии на насмевка и подбрадок. Пробајте ќе се зачудите од резултатот. Не секогаш скапите препарати се решението.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...