Во сезоната на вируси и настинки: На сите ни се потребни ОВИЕ витамини

Витамините и минералите ни се повеќе од потребни во сезоната на грипови и настинки и понекогаш мора да ги внесуваме преку суплементи, но за среќа ги има и во храната.

Бројни истражувања покажале дека витамините А, Ц и Е, како и фолната киселина се задолжителни преку зима, кога се зачестени настинките и сезонскиот грип.
Затоа, потребно е во редовната исхрана да внесеме намирници кои ги содржат токму овие хранливи состојки.

Витамин Ц
Витаминот Ц го има во свежо цедените сокови од цитруси. Овие сокови не ги консумирајте наутро кога сте гладни, туку задолжително по оброк. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но и го забрзува заздравувањето на раните и штити од инфекции.

Во сезоната на вируси и настинки: На сите ни се потребни ОВИЕ витамини

Витамин А
Го има во млечната храна, месото, јајцата и рибата. Овој витамин помага во обновување на епителното ткиво и ја чува кожата од патогени напаѓачи. Тој е задолжителен дел од животниот циклус на клетките и ткивата. Недостатокот на витамин А предизвикува сувост на кожата и намалување на нејзината еластичност.

Витамин Е
Витаминот Е најлесно ќе го внесете преку маслиновото масло и тоа во доза од 4 полни лажици во денот. Некои луѓе го пијат маслото, а други оваа количина ја додаваат во храната. Исто така, го има и во јатките како што се бадеми, кикирики и ореви, а потоа и во сусамот и ротквиците. Консумирајте ги овие намирници свежи, бидејќи високите температури го уништуваат витаминот Е.

Фолна киселина
Ја има во зелениот листест зеленчук и интегралните житарици. Помага при обновување на леукоцитите, кои се неопходни за заштита на телото. Фолната киселина припаѓа на групата на Б-витамини, ја подобрува циркулацијата и ги регулира аминокиселините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.