Враќањето на физичките активности после долга пауза може да биде долготраен и макотрпен процес

Loading...

За да се вратите во работната рутина после декемвриската пауза полна со слатки недозволени јадења и неактивност, мора да смислите нови цели за да се “вратите во живот”. Порталот Health24 ја состави листата од пет совети за како да им се вратите на трчањето и тренирањето после одмор.
Не можете да продолжите таму каде што застанавте
За разлика од канцелариската работа, не можете едноставно да им се вратите на физичките активности. Мора да сфатите дека Вашите мускули и аеробни способности стануваат колатерална штета на одморот. Меѓутоа, и тоа многу зависи од траењето на Вашата пауза. Ако земете две седмици одмор, можете да изгубите пет до седум посто од својот аеробен капацитет, додека одморот од три месеци би го зголемило тоа ниво од 25 до 30 %. Доколку сакате да почнете да трчате или можеби да имате некој фитнес режим, немојте да претерувате, бидејќи тоа може да Ве доведи до различни промени.


Поставете нови цели
Најдобро е едноставно да уживате во трчањето, а тоа ќе го постигнете доколку трчате со своите пријатели наместо очајнички да се фокусирате на својата следна спортска цел. Не си поставувајте превисоки цели поврзани за фитнес иако сте под притисок.
Прехрамбени навики
За жал, многу е тешко да се работи на исправувањето на лоши навики за исхрана. Меѓутоа, не е реално доколку драстично го намалите внесувањето на калории. Енергетиските пијалаци се важни кога Ви е потребна енергија и електролити за време на подолг период, а она што го консумирате во остатокот од времето исто така делува на Вашите перформанси. Значи, избегнувајте алкохол, помалку слатки, а повеќе протеини, зелен зеленчук и непреработени јаглехидрати.


Не правете споредба
Доколку се фокусирате на сопствената цел може да биде многу тешко кога остатокот од вашето друштво внимателно тренира и е на пат да оствари големи цели. Доколку вашиот најдобар пријател тренира со голем интензитет, не би требало вашата кондиција да ја споредувате со неговата поради тоа што ќе се чувствувате инфериорно.
Бидете трпеливи
Успехот не доаѓа преку ноќ така што треба постојано да работите и да напредувате. Меѓутоа, во комплетниот процес на вежбање најважно е трпението.

loading...