Идната мајка Ева Лонгорија позира разголена

Актерката Ева Лонгорија последните денови од бременоста ги поминува во одмарање, долги прошетки, а Денот на мајката кој во светот се одбележува на 13 мај го прослави со една провокативна фотографија.


Имено, Ева позирала со трудничкото стомаче кое го истакна во преден план.
Таа и нејзиниот сопруг Пепе Бастон ќе го добијат нивното прво заедничко бебе, син, а медиумскиот могул веќе има 4 деца од претходниот брак со глумицата Наталија Есперон.