Кога мобилните телефони нѐ прават напнати, а зависноста од нив е сѐ поголема

Мислите дека не можете без мобилниот телефон, но не сфаќате дека станува збор за зависност.
Потребен ви е дигитален детокс. Ова се неколку начини за тоа.
Научете да се забавувате без телефонот
Немојте да посегнувате по телефонот секогаш кога чувствувате и најмал момент на досада. Ништо нема да пропуштите ако 1 час заборавите на него. Читајте книги, излезете со пријателите, гледајте ја својата омилена серија. Уживајте во моментот и дајте си мир.


Исклучете ги светлата
Истражувачите од Харвард утврдиле дека користењето на мобилниот телефон пред спиење може да го поремети лачењето на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот и делува како најсилен антиоксидант на телото и стимулатор на имунитетот.
Тоа предизвикува да спиете пократко и полошо, што долгорочно предизвикува здравствени тегоби. Одмарајте во мрак, и заборавете на телефонот барем 1 час пред одењето на спиење.
Не мора да сте присутни насекаде
Не морате да сте на сите социјални мрежи. Изберете една која највеќе ви одговара и не го трошете своето време премногу обидувајќи се да се поврзете со луѓето на тој начин. Наместо тоа, излезете и испијте кафе и поразговарајте со нив. Фотографиите и статусите не се начин за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.