Кои знаци на телото укажуваат дека ви недостига железо?

Најчести симптоми на анемија, односно недостиг на железо се недостиг на воздух, неправилни отчукувања на срцето, депресија, низок крвен притисок, ослабено паметење, главоболка, бледа кожа, шумови во ушите.

Ако препознаете симптоми кои укажуваат на анемија, можно е да имате проблеми со железото. Анемијата се случува поради недостиг на железо кое е важно за создавање на црвените крвни клетки, како и за транспорт на кислородот во организмот.

Недоволно црвени крвни клетки доведуваат до анемија која прво може да ја забележите по бледата кожа. Добар начин да проверите дали ви недостига железо е да ги испружите рацете пред себе, со дланките свртени нагоре и да ги раширете прстите.
Ако линиите на дланките се посветли во споредба со вашата боја на кожа тоа може да укаже на послаба циркулација предизвикана од ниско ниво на железо. На тоа укажува и белиот корен на нокотот и бледата боја на внатрешните линии на долниот капак.

Најдобриот начин да ја победите слабокрвноста е што повеќе да јадете намирници богати со железо, како што се калинка, домати, сусам, спанаќ, цвекло, брокула, соја, урми, смокви, вино од капини, јајца од препелица и слично.
Анемија може да се утврди исклучиво преку крвна слика, затоа ако забележите некој од овие симптоми, направете ја потребната крвна анализа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.