Меркел:„Многу сме блиску до второ затворање поради ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ“

Loading...

ГЕРМАНИЈА: Забележано е рекордно дневно зголемување на бројот на потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, со нови 6.638 инфекции. Меркел и шефовите на 16 провинции се согласија да ги засилат мерките во обид да се стави под контрола состојбата.

Бројката на случаи се искачи на 341.223, покажаа денес податоците на Институтот Роберт Кох (РКИ) за заразни болести, а пренесе Ројтерс. Вкупниот број на случаи сега е 341.223, покажаа денес податоците на Институтот Роберт Кох (РКИ) за заразни болести, пренесува Ројтерс.

Претходниот дневен рекорд на Германија беше 6.294 и е состојбата на 28 март.

Според последните податоци, пријавениот број на починати се зголеми за 33 на 9.710.

Според европските стандарди, Германија досега имаше релативно ниска стапка на инфекција и стапка на смртност за време на пандемијата, но новите дневни случаи скокнаа во последните неколку недели, а канцеларката Ангела Меркел предупредила дека може да има 19.200 инфекции на ден доколку сегашниот тренд продолжи.

„Многу сме блиску до второ затворање поради ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ“

Меркел и премиерите на 16 провинции вчера се договориле за заострување на мерките во врска со задолжителното носење маски и затворањето на баровите и кафулињата во областите каде е забележано ширење на вирусот.

„Она што ќе го направиме во наредните денови и недели ќе биде одлучувачко за тоа како ќе поминеме низ пандемијата“, рече Меркел на прес-конференција по состанокот.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...