МЗТ Скопје до прва победа против Пелистер во финалето

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа ја отворија финалната серија против предизвикувачот Пелистер.

Во Скопје, домашниот тим беше за нијанса поквалитетен, особено во клучните моменти и на крај заслужено славеше со 82-77.

Во таборот на МЗТ најпрецизен беше Дамјан Стојановски со 15 поени, додека за Пелистер се истакна Планиниќ со 19 поени. Вториот натпревар од финалната серија се игра за четири дена, исто така во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: