Ники Хејли: Ќе гласам за Трамп

Поранешната републиканска кандидатка за претседателска номинација во САД, Ники Хејли, најави дека на претседателските избори во ноември ќе гласа за Доналд Трамп, кој и беше ривал на првичните партиски избори.
Таа исто така нагласи дека Трамп мора да работи за да ги придобие нејзините гласачи, пренесува Гласот на Америка.

„Ќе гласам за Трамп. Но, останувам на она што го кажав кога се откажав од прелиминарната трка – Трамп треба да допре до луѓето кои гласаа за мене, а не само да претпоставува дека ќе гласаат за него сега. И јас искрено се надевам дека ќе го направат тоа“, рече Хејли во Институтот Хадсон во Вашингтон.
Тоа беше и нејзино прво појавување во јавноста откако ја напушти трката за републиканска претседателска номинација и нејзино прво јавно одобрување на Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.