Од денес директна авиолинија Охрид-Милано

Од денес нискобуџетната авиокомпанија “Визер“ од охридскиот аеродром покрај авионската линија со шведскиот град Малме почнува да оперира и со редовна линија кон италијанскиот град Милано. Летовите од и кон Милано до 30 март ќе се реализираат секој вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и во петок. Со додавањето на Малме и Милано како нови дестинации, авиокомпанијата “Визер“ сега од аеродромот “Св. Апостол Павле“ оперира на пет редовни линии – за Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано.
Охридскиот аеродром сезонски е поврзан со уште осум дестинации – Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, што ги реализираат 11 авиокомпании. Согласно договорот потпишан со Владата, авиокомпанијата “Визер“ е обврзана од јули годинава да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.
В.Д. градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, смета дека новите линии кон Малме и Милано ќе бидат од големо значење за населението од регионот, а воведувањето на нови авионски линии кон охридскиот аеродром е во корелација со заложбите на локалната власт за дополнителен развој на туризмот и промоција на Охрид пред новите потенцијални туристички пазари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.