Полските власти се огласија за експлозијата: „Го подигаме нивото на подготвеност на армијата и размислуваме за активирање на членот 4“.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер штотуку одржа прес-конференција во главниот град Варшава, на која рече дека владата го подига нивото на подготвеност на војската како одговор на експлозијата во близина на границата со Украина.

Говорејќи пред камера, Мулер потврди дека две лица биле убиени претходно во вторникот.

Полските власти се огласија за експлозијата: „Го подигаме нивото на подготвеност на армијата и размислуваме за активирање на членот 4“.

Тој им рече на новинарите дека владата размислува дали да го активира членот 4, што би значело дека состанокот на членките на НАТО ќе се одржи откако ќе биде загрозен нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“.

Милер во краткото обраќање рече дека Владата во овој момент нема да одговара на дополнителни прашања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.