По убиството на малата Вања, основното училиште од Прилеп укина забрана за…

Основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп одлучи да ја укине забраната за учениците да носат мобилни телефони на училиште, која беше воведена на почетокот на оваа учебна година.

Како причина за ваквата одлука ја наведуваат трагедијата што го потресе целиот регион – убиството на малата Вања Ѓорчевска од Скопје.

Василевска: Ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнува
Клучно е дека повторно државата се враќа на шини и она што беше кажано, ќе се покаже дека ќе има дела, а не зборови. Делата остануваат. Премиерот Христијан Мицкоски, тој ќе се придржува …
Освежителен шприцер од праска и лубеница
Ако сакате да се освежите во текот на летото, ова е одличен пијалок.. Потребни состојки: 4 праски излупени и исечкани на коцки 1 шолја лубеница исечкана на коцки 2 шолји минерална вода Начин …

„Во светло на немилиот настан што ја потресе целата земја, вклучително и нас како училиште, наставниот совет на училиштето одлучи повторно да го воведе носењето телефони со намалена употреба. Во моментов живееме во неизвесно време и се надеваме на побезбедна иднина кога целта неносењето телефони било за општа благосостојба на учениците“, наведуваат од ова училиште.

Инаку, во септември, наставничкиот совет на ова училиште, по препорака на Министерството за образование и наука, а со целосна поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот, донесе одлука за целосна забрана на употребата на мобилни телефони во училиштето и наставниците воведоа ограничена употреба на телефони.

„Секој родител ќе има телефонски број од раководителот на одделението, стручната служба и директорот за секоја потреба на ученикот“, изјавија тогаш, нагласувајќи дека „секој телефон пронајден во училиштето ќе биде одземен и вратен од крајот на учебната година“.

Да потсетиме, малата Вања беше киднапирана на 27 ноември кога тргнала на училиште. Истрагата покажала дека девојката била киднапирана на влезот од зградата, каде ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење, а потоа ја однеле во автомобилот надвор од градот, каде што била убиена. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи: