Путин воведува ВОЈНА СОСТОЈБА во четири украински територии

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска најави дека ќе биде воведена воена состојба во украинските региони кои на референдумот гласаа за приклучување кон Русија.

На состанокот на Советот за безбедност на Русија, Путин рече дека треба да се формираат штабови за територијална одбрана во самопрогласените Луганска и Доњецка народна република, како и во регионите Запорожје и Керсон.

Путин воведува ВОЈНА СОСТОЈБА во четири украински територии

Воената состојба во овие четири области ќе стапи на сила од утре. Оваа одлука ќе му даде на Кремљ многу построга контрола врз незаконски присвоените украински територии.

Како што рече, шефовите на тие области ќе добијат дополнителни овластувања за обезбедување безбедност.

Претседателскиот декрет ќе предвиди неколку нивоа на одговор на ризиците кои произлегуваат во безбедносната сфера.

Путин воведува ВОЈНА СОСТОЈБА во четири украински територии

Путин објави дека потпишал и декрет за доделување дополнителни овластувања на гувернерите. Тој наредил да се формира штаб за територијална одбрана.

„Да ве потсетам дека во Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република, како и во регионите Керсон и Запорожје, пред да се приклучат на Русија, имаше вонредна состојба.

И сега треба да го формализираме овој режим во рамките на руското законодавство. Затоа, го потпишав указот за воведување воени одредби во овие четири субјекти на Руската Федерација. „Тоа веднаш ќе биде испратено до Советот на Федерацијата на одобрување“, рече Путин.

Путин воведува ВОЈНА СОСТОЈБА во четири украински територии

Тој посочи дека режимот во Киев ги одбива преговорите, продолжува да гранатира нови руски територии, користејќи терористички методи.

Советот на Руската Федерација, кој треба да се состане по состанокот на Советот за безбедност, се очекува да го одобри прогласувањето на вонредна состојба пред таа да стане официјална.

Во своето обраќање пред Советот за безбедност на Русија, претседателот Владимир Путин издаде декрет за ограничување на движењето во и надвор од осум региони во непосредна близина на Украина.

Мерките се однесуваат на јужните региони Краснодар, Белгород, Брајанск, Воронеж, Курск и Ростов, кои се сите во близина на Украина, и териториите на Крим и Севастопол, кои Русија ги одзеде од Украина во 2014 година.

Тој, исто така, нареди создавање на нов координативен совет под водство на премиерот Михаило Мишустин, за да се зголеми интеракцијата меѓу различни владини агенции во справувањето со борбите во Украина.

На средбата тој истакна дека во логистичката поддршка не се вклучени само релевантните органи на прогонот, туку целиот систем на државни органи.

  • Мораме да продолжиме да работиме на подобрување на координацијата. Во таа насока и наредувам на владата да подготви нацрт на претседателскиот декрет за формирање на специјален координативен совет, на чие чело ќе биде лидерот на Кабинетот – рече Путин.

Путин додаде дека во Советот ќе бидат вклучени вицепремиери, претставници на службите за спроведување на законот, социјалниот и економски блок на владата, администрацијата на претседателот и Државниот совет, кои ќе обезбедат тесна соработка со регионите.

  • Работиме на решавање на многу тешки големи задачи за да обезбедиме сигурна иднина на Русија, да го заштитиме нашиот народ. Оние кои се на првата линија или на тренинзи на полигони и центри за обука треба да ја почувствуваат нашата поддршка и да знаат дека зад себе ја имаат нашата голема, голема земја и обединети луѓе – рече Путин.

Тој најави и дополнителни вонредни овластувања на шефовите на сите региони на Русија, но не соопшти никакви детали.

– Во сегашната ситуација мислам дека е неопходно да им се дадат дополнителни овластувања на лидерите на сите руски региони – рече Путин.

Макс Седон од Фајненшл Тајмс пишува дека најавата на Путин е јасен одговор на неодамнешните руски воени неуспеси и контраофанзивниот напредок на Украина.

Путин потпиша и уредба за месечните примања на резервистите – 195.000 рубљи (околу 3.000 евра).

Претходно командантот на руските сили кои учествуваат во Украина, генерал Сергеј Суровикин изјави дека ситуацијата во регионот Керсон е „многу тешка“.

Што значи воена состојба?
Како што пренесуваат руските медиуми, воената состојба во ДНР, ЛНР, Керсон и Запорожје го подразбира следново:

  • евакуација на комерцијални, социјални и културни објекти, како и привремено преместување на жителите во безбедни подрачја
  • воведување посебен режим за влез и напуштање на територијата, како и ограничување на слободата на движење на неа
  • конфискација на имотот неопходен за одбранбени цели со последователна исплата од државата
  • забрана за напуштање на граѓаните од државата.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.