Путин го одликуваше Додик со орден

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин денеска во Казан му го врачи орденот Александар Невски на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

На Додик му беше доделена чест за неговиот голем придонес во развојот на соработката меѓу Русија и Босна и Херцеговина и зајакнување на партнерството со Република Српска.
„За голем придонес во развојот на соработката меѓу Русија и Босна и Херцеговина, зајакнување на партнерството со Република Српска, Милорад Додик – претседател на Република Српска, ќе биде одликуван со Орден Александар Невски“, се вели во указот потпишан претходно од Шефот на руската држава.

Пронајдете не на следниве мрежи: